Турција објави во петокот дека го одбила барањето на четирите арапски земји од Персискиот залив да ја затвори својата воена база во Катар, тврдејќи дека таа база е гаранција за безбедноста во регионот и дека барањето за нејзиното затворање претставува мешање во односите на Анкара со Доха.
Четирите арапски земји кои го бојкотираат Катар поради неговата наводна поддршка на тероризмот, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин, ѝ испратија на Доха список со 13 барања, меѓу кои и затворањето турската воена база во Катар и затворање на телевизијата Al Jazeera и редуцирање на односите со шиитски Иран.
Турскиот министер за одбрана Фикри Исик изјави за телевизијата NTV дека уште не го видел тоа барање, но јасно порача дека Анкара нема намера да го преиспитува договорот со Катар од 2014 година кој придонесе за отворањето на воената база.
„Кога би постоело такво барање, тоа би значело мешање во билатералните односи“, изјави Исик, нагласувајќи дека наместо тоа Турција би можела дурии и да ја зајакне својата присутност во Катар.
Во четвртокот во Доха допатуваат 23 припадници на турските вооружени сили со пет оклопни возила во рамките за соработката и воената обука.
Според весникот Hurriyet, во Катар веќе се стационирани 88 турски војници. Бројот на турските војници кои би учествувале во Катар во претстојната заедничката воена вежба би можел да се искачи на илјада. Се предвидува и учество на военото воздухопловство.
„Јакнењето на турската база би претставувал позитивен чекор во поглед на безбедноста во Персискиот залив. Ревидирањето на основниот договор со Катар не е на дневниот ред“, порача министерот Исик.