Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Роухани потпишаа протокол за основање на Виш совет за соработка меѓу двете земји, пренесуваат локалните медиуми.
Првата седница на Советот ќе се одржи за време на посетата на иранскиот претседател во Турција.
Претходно турскиот премиер се состана со високиот лидер на Иран, Али Хаменеи. На состанокот, исто така присуствуваа министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу, министерот за енергетика, Танер Јилдиз и други високи функционери од турската делегација.