Турција и Русија го потпишаа договорот за гасоводот, Анкара размислува за руски борбени авиони наместо американски

Рускиот енергентски гигант „Газпром“ во саботата вечерта објави дека го потпишал протоколот со турската влада за планираниот гасовод, а со турската компанија „Botas“ се договорил за прекинување на арбитражниот спор.

Протоколот се однесува на копнениот дел од гасоводот Турски тек, што значи дека сега „Газпром“ може да започне да работи на проектот.

Турција го одложуваше издавањето на дозволата за градење на делот од гасоводот кој е довршен во подморскиот дел, а кој кога ќе биде задоволен ќе овозможи да се заобиколи Украина како транзитна земја и ќе ѝ одземе значителни средства за пренесување на гасот до европските потрошувачи. Извор во Анкара во февруари откри дека проблемот со дозволата можеби е поврзан со разговорите меѓу двете компании за можната поповолна цена за рускиот гас.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно во саботата изјави дека Турција и Русија постигнале ретроактивен договор за 10,25 отсто попуст на природниот гас кој Анкара го купува во Москва.

На овие вести во неделата се надоврза и информацијата на турскиот весник Yeni Safak, кој се повикува на извори запознаени со преговорите, дека Турција размислува да купи руски ловци од типот „Су-57“ наместо американските „F-35“. Според изворот, Анкара веројатно ќе донесе таква одлука доколку САД ја блокираат испораката на своите борбени авиони поради турскиот договор за набавка на руските противоздушни ракетни системи „С-400“.

„Анкара нема намера да се откаже од своето право на авиони, коишто таа треба да ги добие во јуни“, се цитира изворот.

Во декември 2017 година Турција и Русија потпишаа кредите договор за „С-400“. Анкара ќе купи две батерии од овој напреден ракетен систем кој ќе биде управуван од турски екипи, како одговор на западните сојузници од НАТО да ѝ продадат на Анкара слични системи и по откажувањето на договорот за заеднички развој на ракетни системи со Кина. Анкара и Москва, исто така, постигнаа договор и за технолошка соработка во сферата на развој на производството на „С-400“ во Турција.

САД и претставниците на НАТО повеќепати ја критикуваа Анкара за оваа зделка. Помошникот на американскиот државен секретар Вес Мичел порача дека набавката на „С-400“ може негативно да влијае врз испораките за Турција на американските „F-35“. Во својот одговор, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу вети дека поради тоа Анкара ќе преземе соодветни мерки во однос на Вашингтон, доколку испораката на ловците биде блокирана.