Претставници на Русија и на Турција потпишаа во петокот во Анкаа договор за зае за набавка на протвоздушните руски системи С-400, во износ од 2,5 милијарди американски долари, пренесува телевизијата TRT.
Неодамна турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека преферира кредитот Анкара да го земе во руската валута, што би било полезно за турската страна.
Според Сергеј Чемезов, генералниот директор на „Ростех“, компанијата којашто ќе го изврши договорот, Турција купува од Русија четири дивизии С-400 во износ од 2,5 милијади долари, како и дека 55 отсто од вкупната сума во договорот се руски кредитни средства.
Испораката, според планираното, треба да започне во март 2020 година.
Кон средината на септември Москва и Анара потпишаа договор за набавка напротиввоздушните ракетни системи С-400. Овој договор беше остро критикуван од НАТО, според чиишто лидери ваквата одлука ќе попречи Турција да стане дел од заедничкиот единствен систем на противвоздушна одбрана на сојузот.
Анкара возврати дека оваа набавка не претставува закана по безбедноста на НАТО, и појасни дека ѝ се обратила на Русија откако земјите сојузнички одбиле да ѝ испорачаат соодветни противвоздушни системи.
Ракетните системи С-400, или со полн назив Триумф мобилен повеќецевен противвоздушен ракетен систем, е напреден ракетен систем дизајниран за откривање, следење и уништување авиони, беспилотни летала или ракети до 402 километри. Досега овие системи Русија ги продаде само на Кина и на Индија.
Според спецификацијата рускиот противвоздушен систем С-400 има дострел од 400 километри и може истовремено да собори 80 цели гаѓајќи ја секоја со по два проектила.
Според договорот, Русија следната година во Турција ќе испорача два система С-400, а потоа ќе помага и учествува во производство на уште две батерии во турската воена индустрија.