Турција им се заканува на сириските сили ако ги заштитат Курдите

Турскиот министер за надворешни работи предупреди во понеделникот дека турската војска којашто спроведува операција во северна Сирија ќе се судри со сириските владини сили, доколку влезат во покраината Африн за да ги заштитат курдските борци, но според последните информации во областа во текот на денот треба да влезе милицијата којашто е блиска на официјален Дамаск.

Во неделата низа медиуми во регионот објавија дека според договорот меѓу сириската владина војска и курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), владините сили во следните два дена треаба да заземат повеќе позиции на границата кон Турција и во самиот град Африн. Меѓутоа, официјална потврда за овие информации не дојде ниту од владата во Дамаск, ниту од курдските сили во Африн.

„Доколку режимските сили таму влезат за да ги исчистат YPG и PKK, нема да има проблеми. Меѓутоа, доколку дојдат да го бранат YPG, тогаш никој и ништо не може да не’ спречи нас и турските војници“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на пресконференцијата во јорднаската престолнина Аман.

Милициите кои се поврзани со сириската влада ќе влезат во покраината Африн за неколку часа, објави во понеделникот државните медиуми, за да им се псротистават на турските единици и да ги поддржат Курдите. Станува збор за борици на милицијата Сириски народни сили (SPF).

„SPF во следните неколку часа че влезат во Африн за поддршка на тамошното население во спротиставувањето на турската агресија, којашто започна минатиот месец (20-ти јануари)“, пренесе сириската државна новинска агенција SANA.

Турција ја спроведува операцијата „Маслиново гранче“ против единиците на YPG, поддржана од САД, којашто ја смета за сириски огранок на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), за да ги потисне од својата граница.

Курдските сили ја заземаа областа на Африн во текот на изминатите две години откако од таму беше потисната џихадистичката Исламска држава.