Турција во средата на отворањето на самитот на челниците на исламските земји во Истанбул свикан по американската одлука Ерусалим да биде прогласен за главен град на Ираел, го повика светот да го признае Источен Ерусалим како престолнина на Палестинската држава.
„Во прв ред Палестинската држава мора да ја признаат сите земји во светот. Сите мораме да се ангажираме за таа цел“, ијзави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Лавушоглу на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички пред почетокот на состанокот на врвот.
„Мораме да ги поттикнеме другите земја да ја признаат Палестинската држава во рамките на нејзините граници од 1967 година со главен град Источен Ерусалим“, изјави Чавушоглу.
Ерусалим, кој како свет град подеднакво го ппочитуваат евреите, христијаните и муслиманите, е третото најсвето место на исламот, а од половината на минатиот век е во центарот на израелско-палестинскиот судир. Израел го освои палестинскиот источен дел на Ерусалим во ткн Шестневна војна од 1967 година и подоцна го присоедини кон Државата Израел, што меѓународната заедница никогаш не го призна.
Минатонеделната американска одлука да се ефектуира законот што го донесе законот Конгресот кон крајот на 1990-те покрена серија протести во многу муслимански земји. Турција смета дека одлуката ќе го повлече светото во „судот без крај“.
Турција ги повика ленките на Организацијата за исламска соработка, организацијата којашто ја сочинуваат од 509 муслимански нации, на состанокот во средата во Истанбул за да го формулираат заедничкиот одговор на американската одлука.