Турција ја затвори амбасадата во Јемен

Турските власти ја затворија Амбасадата во Јемен, а амбасадорот и персоналот се вратија во Турција, изјави претставник на турското Министерство за надворешни работи, пишува МИА.

Амбасадата на Турција во Сана е затворена поради опасноста од влошената безбедносна ситуација во Јемен.

Турското МНР наведе дека Амбасадата во Јемен повторно ќе биде отворена откако ќе се стабилизира ситуацијата во земјата.

Политичката криза во Јемен почна минатиот месец кога претседателот и владата поднесоа оставки откако шиитските бунтовници ја зазедоа претседателската палата и го задржаа претседателот Абд Рабу Мансур Хади.