Издадени се наредби за апсења на службеници во истанбулските судови Чаглајан, Газиосманпаша и Бујукчекмеџе.
Акции за апсења се преземени во судови во уште 23 турски окрузи, информира телевизијата НТВ.
Обвинителството нареди да се приведат и службеници од затворите Силиври, Метрис, Бекаркој.
Против осомничените се покренати обвиненија за „извршување дејствија во корист на целите на групата, „користење на мобилната апликација Бај лок“, (BYLock), „извршување трансакции за Банк Асија“ и др.
Турските власти сметаат дека групата ФЕТО, на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за преврат во Турција, што беше изведен на 15 јули.