Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го предупредил Владимир Путин дека ако самопрогласените кримската власти или така наречената самоодбрана на Крим извршат насилство спрема кримската Татари, Анкара ќе биде принудена да го блокира Босфор за руските бродови, пренесе „Обозревател“, повикувајќи се на турски извор од дипломатијата. Турскиот лидер разговарал со рускиот претседател по телефон и го предупредил за последиците од конфликтот со Украина.
Според изворот, претходно Ердоган и лидерот на кримските Татари, Мустафа Џемилев разговарале за можните опасности насочени кон Татарите во врска со агресивната политика на Москва. За време на средбата било споменато и убиството на кримски татарин во почетокот на март, извршено од непознати лица .