Повеќе од 300.000 книги се уништени во турски училишта и библиотеки во изминатите три години по обидот за пуч во летото 2016 година.
Министерката за образование Зија Селчук рече дека 301.878 книги биле уништени за време на владината иницијатива за искоренување на се што е поврзано со забранетото движење, предводено од Фетулах Ѓулен, обвинет од Анкара за организирање на пучот.
Во меѓувреме, Ѓулен во неколку наврати категорично ја негираше неговата вмешаност во пучот.
Ѓулен е во егзил во САД, а Турција повеќе пати побара од Вашингтон негова екстрадиција.
Книгите биле уништени со спалување, според турскиот весник „Хуриет“, кои објавиле и фотографии од нивното уништување.
Мала група млади новинари кои, наводно, се обидуваат да дејствуваат како „глас на разумот“ објавени на нивниот портал дека учебник по математика е строго забранет, едноставно затоа што во книгата се препознаени наводно иницијали на Ѓулен.
Во декември 2016 година турскиот весник Бургун откри дека се уништени 1,8 милиони учебници само затоа што ја спомнале Пенсилванија, американска држава каде живее Ѓулен.
По пучот во Турција, сите улици во Анкара со името на Ѓулен беа преименувани.
Британски ПЕН центар посочи во лански извештај за забраната за слободен говор во Турција, каде по обидот за пуч беа затворени 200 медиуми, протерани се 80 писатели и беа отпуштени од работа 5.822 универзитетски професора.