Турција: Наредба за апсење на 2.745 судии и обвинители

Турските власти вчера издадоа наредба 2.745 судии и обвинители да бидат уапсени за поврзаност со обидот за воен удар во земјата, јави турската приватна телевизија НТВ.

Претходно телевизијата соопшти дека властите тргнале од функција 2.745 судии низ целата држава.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган обвини дека приврзаниците на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен стојат зад обидот за преврат.

Ердоган подолго време обвинува дека поранешниот сојузник Ѓулен, има создадено паралелна структура во судскиот систем, армијата, образованието и медиумите, и дека има за цел да ја симне владата.

Ѓулен, кој живее во САД, ги отфрли ваквите обвиненија и јавно го осуди обидот за воен удар.