Анкара не верува дека ќе бидат направени позитивни чекори во односите со Европската унија во текот на претстојното австриско претседавање, изјави во петкот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со што уште еднаш ги отслика тензиите меѓу Турција и Австрија.
Австрија ќе го преземе ротирачкото шестмесечно претседавање на 1-ви јули и тоа ќе ѝ даде важно влијание во одредувањето на дневниот ред на многу состаноци на земјите членки на ЕУ. Владата во Виена веќе најави дека има намера да го искористи претседавањето за ангажман на спречувањето на идните имигрантски бранови во Европа.
Односите меѓу Турција и Австрија се напнати последните месеци поради низа прашања, вклучително и австрискиот став во однос на имиграциите и нејзиното противње на турското придружување на ЕУ.
„Мислам дека нема да има позитивни чекори во текот на австриското претседавање. Многу разговаравме со австрискиот министер за надворешни раоти, но, за жал, сегашниот канцелар е дури и поекстремен од крајната десна партија“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу за телевизијата NTV.
Конзервативниот австриски канцелар Себастијан Курц е во коалициската влада со противдоселеничката Слободарска партија и Австрија е единствената западноевропска земја којашто во владата има крајна десница. Двете партии веруваат дека ЕУ треба да ги прекине пристапните договори со Тирција, коишто технички се одвиваат а всушност се пропаднати.
Чавушоглу во интервјуто за NTV вели дека на очекува позитивни резултати која станува збор за отворањето нови поглавна или политички подрачја, но додаде дека со европските функционери ќе разговара за прашањата на либерализацијата на визниот режим и ажурурањето на Договорот за царинската унија.
Турција ги започна преговорите за придружување кон ЕУ во 2005 година, дури 18 години по поднесувањето на барањето. Додека низа фактори ги забавуваа преговорите, особено кипарското прашање и отпорот на Германија и Франција на труското членство, во 2016 година пристапните преговори всушност пропаднаа.
Претходно седмицава шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ изјавија дека Брисел не може да отвори нови поглавја, ниту да го модернизира договроот меѓу ЕУ и Турција за царинската унија поради тоа што Анкара не ги исполнила европските стандарди во разни области. Тоа предизвика гневен одговор од Турција, копајшто вели дека членството во ЕУ и натаму ѝ е стратешка цел.