Турција нема да и плати отшета на Кипар

Турција соопшти дека не планира да и плати на Кипар 123 милиони долари отштета за инвазијата од 1974 година врз медитеранскиот остров, кој оттогаш е поделен меѓу Турција и Грција, како што и наложи Европскиот суд за човекови слободи и права.

Ахмет Давутоглу, шефот на турската дипломатија, истакна дека не ја прифаќа одлуката на меѓународниот суд, бидејќи на тој начин излегува дека Турција е единствениот виновник за поделбата на островот. Давутоглу, додаде дека оваа одлука не е задолжителна за Турција бидејќи таа не ја признава кипарската Влада.

“Оваа одлука претставува удар врз пронаоѓањето на сеопфатно решение за проблемот. Оваа обврска ја сметаме за незадолжителна бидејќи доаѓа од држава која не ја признаваме и затоа сметаме дека не е потребно да ја извршиме уплатата”, изјави Давутоглу.