Турција одговара на забраната за испораката на американските F-35 поради набавка на руските С-400

Анкара ќе најде алтернативи во врска со одлуката на американскиот Сенат да го запре нејзиното учество во производната програма за авиониот од типот „F-35“, изјави во вторникот турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Претходно американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35“, поради нејзините намери да набави руски противвоздушни ракетни системи од типот „С-400“. Меѓу другите причини за ваквата одлука, американските претеници го истакнаа и приведувањето од турските власти на американскиот државјанин Ендрју Брансон.

„Станува збор за несреќен развој на ситуацијата. Меѓутоа, Турција нема да остане без алтернативи. Ваквите дејствија од страна на американскиот Сенат предизвикуваат жалење, тие се во спротивност со духот на стратешкото партнерство“, го цитира Јилдирим турскиот телевизиски канал NTV.

Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.

Односите меѓу Анкара и Вашингтон се влошија откако Турција и Русија минатиот декември потпишаа договор за кредит за набавка на противвоздушните ракетни системи С-400. Анкара ќе купи две батерии од овој систем, коишто ќе ги опслужува исклучиво турски персонал. Двете земји, исто така, се согласија и за технолошка соработка во развојот и производството на С-400 во Турција.

Највисоките претставници на САД и на НАТО повеќепати ја критикуваа Анкара за оваа зделка. Така, помошникот американски државен секретар Вес Мичел, предупреди дека набавката на С-400 може негативно да се одрази на испораките на американските борбени авиони „F-35“ за Турција. Во Анкара тогаш одговорија дека во таков случај, ќе купат ловци од други земји.

Како одговор на ваквите закани минатата седмица турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потврди дека му предложил на својот руски колега по должност Владимир Путин заедничко производство на напредните ракетни системи.