Турција денеска издаде декрет за отпуштање на повеќе од 18.000 државни службеници, од кои половината се полицајци.
Декретот се случи по победата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите одржани пред две недели, а пред неговата инаугурација, јави Ројтерс.
Се вели дека оваа регулатива е донесена пред очекуваното укинување на вонредната состојба која е на сила од јули 2016 година, по неуспешниот државен удар.