![ankara](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/ankara.jpg?resize=640%2C374&ssl=1)
Турските власти објавија во неделата дека уште 2.756 лица се отпуштени од нивните работни места во јавните установи, вклучително и војници, наставници и вработени во министерствата поради нивната поврзаност со терористички организации.
За отпуштените службеници е утврдени дека се членови или се поврзани со терористичките групи, структурите коишто дејствуваат против националната безбедност, се дознава од уредбата објавена во службениот весник на Турција.
Околу 50.000 лиза се уапсени по неуспешниот обид за воен преврат од ноќта на 16-ти јули, а околу 150.000 лица добиле отказ или се суспендирани во војската, полицијата, образовните институции и јавната администрација, под обвинение дека се поврзани со движењето на исламистичкиот проповедник, имамот Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија.
Официјална Анкара го обвинува Ѓулен и неговото движење коишто поседуваше голем број медиумски куќи и приватни образовни институции од детски градинки до универзитети, дека создавале „паралелна држава“ во турското општество, како и за неуспешниот обид за преврат. Покрај тоа, движењето коешто турските власти го именуваат како FETO, е забрането и прогласено за терористичка организација.
Ѓулен ги негираше овие обвинувања, а САД досега не одговорија позитивно на неколкукратните барања на Турција да ѝ биде екстрадиран, што доведе до тензии меѓу двете сојузнички земји со најголеми војски во НАТО алијансата.