Турската полиција во петокот приведе 82 осомничени членови на џихдистичката терористичка органзиација Исламската држава (ИД) во операција во Истанбул, јави турската телевизија NTV.
Приведените се странски државјани кои учествувале во воени акции на страна на Исламската држава на боиштата во Сирија и во Ирак, или планирале наскоро да заминат во соседна Сирија.
Во полициските рации започнати од четвртокот турските безбедносни сили само во главниот град Анкара изврпеиле претреси 250 домови и притоа уапсиле 165 лица осомничени за припадност на Исламската држава.
Во друга полициска акција во покраината Бурса, пак, изминатата ноќ биле приведени уште 27 лица кои се осомничени дека работеле за терористичката организација.