
Денес на територија на цела Турција и во странските претставништва знамињата ќе бидат спуштени на пола копје.
Четириесет и едно лице загина, меѓу кои и странци, а 239 се повредени во синоќешниот троен самоубиствен напад со автоматско оружје и бомби на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.
Тројцата напаѓачи најпрво со автоматско оружје пукале кон патниците и полицајците кои возвратиле на огност, а потоа ги активирале бомбите.