Министерот за економија на Турција Нихат Зајбекчи изнел план за формирање на слободна трговска зона меѓу Турција и Царинската унија на Русија, Белорусија и Казахстан, рекол рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукааев. Иницијатаивата за можна економска соработка на повисоко ниво Зејкбечи ја изнел за време на состанокот на министри за трговија на државите членки на Г-20 во Австралија.
Се договоривме да формираме работна група, која во септември подетално ќе ја разгледува можноста на таков облик на трговска соработка, рекол Уљукаев. Русија сега е втор најголем трговски партнет на Турција, после Европската Унија.