Турција се надева дека Грција ќе продолжи да ги поддржува напорите на Анкара кон ЕУ

Новиот турски министер за европски прашања Мевлут Чавушоглу изрази надеж дека за време на грчкото претседателството со Европската унија, Грција ќе да продолжи да ги поддржува напорите на Турција за пристапување кон ЕУ, соопшти „Хуриет дејли њуз“.

„Се стремиме за време на грчкото претседателство да биде отворено барем уште едно ново поглавје“, рекол Чавушоглу на средба со грчкиот амбасадор во Анкара, Кириакос Лукакос .

„Грција ги поддржува напорите на Турција за членство во ЕУ во последните десет години“, истакнал Чавушоглу.

Пред две недели турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу објави дека Анкара сака за време на грчкото претседателство на ЕУ да бидат отворени поглавјата 17, 23 и 24.