Турција се закани дека ќе се повлече еднострано од договорот за миграцијата во Европската унија, склучен во март минатата година со што се намали бројот на мигранти и бегалци кон Европа.
– Може да го поништиме еднострано тој догвоор. Се уште не сме ги информирале нашите европски партнери, и сега се е во наши раце, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Во интервју за телевизијата „24“ тој додаде дека „отсега натаму може да кажеме дека не го применуваме тој договор и се е завршено“.