Турција собори дрон на границата со Сирија

На границата со Сирија турските борбени авиони собориле неидентификувано летало кое го нарушило воздушниот простор. Според агенциите, властите во Турција изјавуваат дека станува збор за дрон, но не даваат понатамошни информации.

Се знае дека во регионот сириската влада оперира со дронови, како и Русија и коалицијата предводена од САД против Исламска држава.

Според турските медиуми, фотографиите од соборениот дрон прикажуваат мал модел на авион кој не е наменет за воени операции, пренесува Би Би Си.

Според војската, непознатото летало откриено во близина на границата три пати било предупредено пред да биде соборено „во согласност со спогодбата“.

Руската војска подоцна потврди дека сите нивни летала во моментов се во функција.