Турција создава нова поморска база во Црното Море. Новиот воен објект ќе биде лоциран во источниот дел на турското крајбрежје на Црното Море, во областа на селото Сјурмене, на 40 километри од градот Трабзон.
Во неа е планирано да служат над 400 војници и да работат околу 200 цивилни лица. Анкара го презела овој чекор откако се објави веста за плановите на САД за испраќање на свои воени бродови во Црното Море. Ваквите активности веќе се оценети од американските медиуми како одговор на кризата во Керченскиот теснец меѓу Русија и Украина.
Во моментов, Турција има шест поморски бази на брегот на четирите мориња, на кои има излез (Црното Море, Средоземното, Егејското и Мраморното Море). Само една од нив е во Црното Море – Бартон (околу 450 километри источно од Истанбул), каде што се сместени турските подморници. Во близина до брегот на Црното Море, кај Коџали, се наоѓа и базата на турските воздухопловни сили.