Турција спроведе „чистка“ во банкарскиот и телекомуникацискиот регулатор и во државната телевизија, во рамките на која се отпуштени десетици извршни директори во како резултат на корупциски истраги, пренесе „Ројтерс“.
Властите веќе отпуштија илјадници полицајци, десетици обвинители и неколку вработени во државната телевизија како резултат на истрагата за корупција, што стана најголем предизвик во текот на 11-годишното владеење на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Во рамките на последната „чистк“ се отпуштени десетици чиновници. Заменик директорот на банкарскиот регулатор БДДК и директорите на две одделенија се отстранети од нивните функции.
Отстранети се исто началниците на пет одделенија во Телекомуникацискиот директорат, орган што врши електронско следење, додека во исто време ги извршува функциите на регулатор на телекомунационния пазар, а околу 12 вработени во турската државна телевизија TРT се отпуштени. Меѓу нив се раководителите на сектори и високи уредници.