Турција уби 35 исламисти на Исламска држава во нападот утринава со авиони на армијата, објави новинската агенција Догу хабер аџанси (ДХА), пренесува Нетпрес.
Борбени авиони на армијата утринава ракетираа цели на Исламска држава, на територијата на Сирија.
Три летала од типот „Ф-16“ од составот на војската во базата Дијарбекир полетаа во 03.12 часот, нанесоа удари врз претходно утврдени цели и тоа во периодот од 03.40 до 03.53 часот, и потоа во 04.24 часаот, по што се вратија назад.
Уништени се два командни штаба на Исламска држава и еден центар за спроведување обука. За време на бомбардирањето убиени се 35 исламисти на ИД, наведува ДХА во својата вест.