Четиринаесет лица загинаа, а над 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција, јави турската приватна телевизија НТВ. Инаку, како што сооптуваат турските медиуми шест од загинатите се ученици.
Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување.
При спасувачките операции пронајдени се 14 тела. Се смета дека возачот на автобусот е исто така меѓу жртвите на сообраќајната несреќа.
Дваесет и шест лица се повредени во несреќата, од кои четворица се во критична состојба.