
Според новите правила, руските новинари кои сакаат да работат во Турција, ќе треба до Амбасадата во Москва да достават повеќе документи, вклучувајќи и писмо од медиумот во кој работат на турски или англиски јазик во кое е наведена целта, местото и време траењето на посетата, како и имињата на оние со кои евентуално би било правено интервју.
Турската амбасада истакна дека ова е „вообичаена процедура во многу земји“.
За новинарите кои ќе работат без дозвола на територијата на Турција, можно е да бидат применувани различни казнени мерки, се додава во соопштението на Амбасадата.