Министерството соопшти дека 153 од овие организации се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, 190 со Курдската работничка партија (ПКК), 19 со Револуционерната партија и фронт за народно ослободување и осум соработуваат со џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Властите наведуваат дека дејноста на организациите е прекината со цел „да се гарантира безбедноста и да се заштитат јавниот ред и мир“.
Одлуката е донесена врз основа на законот за вонредна состојба, која е воведена на 21 јули во траење од три месеци по неуспешниот обид за воен преврат, а потоа на 11 октомври турскиот Парламент ја продолжи за уште три месеци.