Турција: Запленети 252 килограми кокаин

Турските власти запленија кокаин во вредност од 15 милиони евра во медитеранското пристаниште Искендерун, пренесува МИА.

Тоа е една од најголемите количини на дрога запленети во историјата на земјата, јави ДПА.

Во операцијата се уапсени двајца осомничени. Полицијата откри околу 252 килограми кокаин во контејнери на брод, во чии документи пишува дека се превезува мебел.

Бродот пристигнал од Бразил и пред да пристигне во Искендерун, запрел во Египет.