Тензиите на грчко-турската копнена граница се разгореа рано утрото во петокот, а од турскат страна на оградата кон грчките гранични полицајци е истрелан солзавец,.
Состојбата е нетабилна на границата во областа на Кастаниес од 28-ми февруари, кога Анкара порача дека повеќе нема да ги задржува илјадниците мигранти и бегалци кои се наоѓаат на турска територија според договотот потпишан со ЕИ во 2016 година.
Репортерот на агенцијата Reuters јави дека од грчка страна се користеле водени топови во обидот да се растераат луѓето кои создавале гужви на границата. Потоа следел солзавец од другата страна на граничната линија.
„Нападите се координирани со дронови. Освен заплашувањетол овеи напаид се случуваат на местото каде што турската полиција им помага на мигрантите да ја минат жичената ограда“, рекле за агенцијата грчки владини претставници.
Турција соопшти дека секое истрелување на солзавец е само одговор на истиот потег од грчката страна.
„Зошто Турција би истрелувала солзавец на грчката страна од гранциата. Грчката полиција користи солзавец врз нас, истрелува солзавец на граничните полициски станици. Одговараме на тоа“,л изјави за новинарите во четвртокот турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу по посетата на граничната област.
Двете страни користеле солзавец на граничниот преми Кастаниес во средата. Турција ги обвини грчките сили дека убиле четири мигранти, додека Грција ги отфрли обвинувааа и вели дека турските сили им помагаат на мигрантите да ја минат границата.
Атина ги оцени судирите како закана за сопствената национална безбедност, а премиерот Киријакос Мицотакис се сретна со челниците на Европската унија за да се направи обид за избегнување повторувањето на сценариото до 2015 година и мигрантскиот бран кон западните земји од ЕУ.