Турците оваа година за жртвени животни во текот на претстојниот Курбан-бајрам ќе потрошат повеќе од 10 милијарди лири, односно околу 1,6 милијарди евра, проценува синдикатот на земјоделците.
„Пресметавме дека луѓето оваа година за жртвени животни ќе платат 10,96 милијарди лири“, изјави Шемси Бајрактар, претседател на синдикатот на Турските земјоделски комори.
Се проценува дека оваа година по повод големиот муслимански празник ќе бидат жртвувани 3,6 милиони животни, од што 2,8 милиони овци и кози.
Курбан-бајрам годинава се одбележува од 21-ви до 25-ти август. Со овој празник се одбележува подготвеноста на Абрахам да го жртвува својот син на Бог, и според Куранот и според Библијата. Синот во последен момент е поштеден и наместо него жртвувано е животно.