„Туркиш ерлајнс“ со извинување до патниците од вчерашниот лет Скопје – Истанбул

извинување

Од „Туркиш ерлајнс“ потенцираат дека исклучително внимаваат на безбедноста и задоволството на патниците.

Поради пронајдениот мобилен телефон, чиј сопственик не е познат, спроведени беа стандардните безбедносни процедури, според компаниските и меѓународните воздухопловни правила, и по превземањето на потребните дополнителни мерки на иницијатива на одговорните за безбедност на аеродромот, во 22:45 часот по локално време, воздухопловот беше спремен, по што летот беше остварен без проблеми, се наведува во соопштението.

„Туркиш ерлајнс“, како што се додава во соопштението, има летови до најмногу држави и меѓународни дестинации во светот и има мисија да ја поврзе Македонија преку Истанбулскиот транзитен центар со светот, соработката и целосната координација со македонските авторитети ги има и истите продолжуваат без прекин уште од 1998 година.

Во оваа прилика му се заблагодаруваме на македонскиот народ за довербата во нашиот бренд, а благодарни сме им на македонските авторитети за успешното и безбедно решавање на оваа ситуација, се наведува во соопштението од претставништво на „Туркиш ерлајнс“ во Македонија.