Турскиот национален авиопревозник „Туркиш Ерлајнс“ откажа вкупно 116 летови од и кон истанбулските аеродроми „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“, што беа планирани за денеска и за утре бидејќи се очекуват обилни снежни врнежи во реонот на Истанбул.
Според електронското издание на весникот „Хуриет“, сите патници кои денеска и утре требало да патуваат со авионите на „Туркиш Ерлајнс“ од или кон Истанбул, подетални информации за откажувањата може да добијат на веб страницата на авиокомпанијата.
Поради лошите временски услови во Истанбул, локалните власти објавија и дека во прекин ќе биде и сообраќајот на чамците и тракетите преку Босфорот, кои ги поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот.