-Животот на членовите на екипажот не е загрозен. Крајбрежната стража ги евакуира, изјави портпаролот на Конзулатот, додавајќи дека бродот се насукал поради неповолните временски прилики, проследени со силен ветер во Босфорот.
Агенцијата Анадолија јавува дека ова е втор ваков инцидент, кој вчера се случил во Истанбул, бидејќи во текот на денот уште еден брод се насукал поради ветерот и неговиот екипаж исто така е евакуиран.
Рускиот брод се насукал во близина на истанбулскиот дистрикт Картал, на азиската страна на градот и на брегот на Мраморното Море.