
Полицијата во Анкара неутрализираше вооружен маж, кој отвори оган близу зградата на судот, во кој се спроведува сослушување на генералите уапсени по обидот за воен удар во ноќта меѓу петокот и саботата.
Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, акцијата за неутрализарање на напаѓачот е изведена од припадници од специјалните единици со помош на оклопни возила.
По апсењето на вооружениот напаѓач, кој, според ТАСС, бил во воена униформа, започната е потрага и по евентуални негови соучесници.
Анадолија јави дека во судот, пред кој се случи денешниот инцидент, во тек е распит на 27 генарали и адмирали, меѓу кои и поранешниот командант на турското Воено воздухопловтсво, генерал Акин Озтурк, кои се оосмничени дека се организатори на обидот за воен удар.