Турската полиција убила двајца припадници на ИД

Турските медиуми јавија дека турската полиција, наводно, убила двајца припадници на Исламската држава, при претрес на стан во Анкара.

Се верува дека убиените лица планирале да извршат напад.

Турската полиција запленила оружје и гранати, а извршен е претрес во станот врз основа на информации од лице, кое е приведено во Истанбул.