Вчера во близина на наплатната рампа кај селото Смоквица во автомобил на турски државјанин пронајдени се две лица без документи од Авганистан.
Регионалниот центар за гранични работи поднесе кривична пријава против Ј.М.С.(43) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 417 од Кривичниот законик.
Полициски службеници вчера во 2:40 часот го запреле патничкото возило „мерцедес“, со германски национални ознаки, што го управувал пријавенио. При преглед во возилото биле пронајдени две лица без документи, а според нивните наводи станува збор за А.Х.(25) и В.Н.(25), двајцата од Авганистан. Пријавениот и мигрантите биле приведени и задржани во Полициската станица Гевгелија.