Турски Кипар го отфрли предлогот на кипарските Грци за заедничка декларација

Кипарските Турци го отфрлија предлогот на кипарските Грци за подготвување заедничка декларација пред обновувањето на преговорите меѓу двете заедници за решавање на проблемот со поделениот остров.

Ова го изјави Никос Христодулидис, директор на дипломатската канцеларија на претседателот на Република Кипар, пренесе грчката агенција АНА-МПА.

Христодулидис вели дека информацијата за отфрлањето на предлогот ја добиле од Обединетите нации, дополнувајќи дека и покрај тоа, напорите за обновивање на преговорите продолжуваат.

Преговорите за Кипар, под покровителство на ОН, беа прекината во средината на 2012 година, кога кипарските Турци излегоа на протест кога оваа држава го презеде ротациското претседавање со ЕУ.