По завршувањето на мечот од квалификациите за Лига Европа кој во четвртокот вечерта го доби Вардар со 2:0, искусниот репрезентативен голман на Фенербахче, Волкан Демирел, кој инаку го следеше од клупата за резервни играчи, се впушти во физичка пресметка со дел од редарите на најголемиот македонски стадион, објави спортскиот портал Екипа.мк
Демирел притоа не дозволуваше ниту радост на македонските фудбалери, со вулгарни зборови обраќајќи се до членовите и на Вардар, а на крајот со срамни гестикулации и кон навивачите беше присилно повлечен во подтрибинскиот простор.
Повеќе фотографии на Екипа.мк