Турскиот парламент денеска би требало да го разгледува членството на Шведска во НАТО

Турскиот парламент во вторникот попладнето треба да ја продолжи расправата за ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, горливо прашање дополнително комплицирано откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го поврза со барањето Вашингтон да ја симне блокдата за продажба на борбени авиони „F-16“ за турската армија.

Шведска и Финска се откажаа од само деклартативната децениска наводна воена неутралност и покрај тесната воена и индустриска соработка со НАТО и одрживањето континуирани редовни воени маневри, и се обидоа да се приклучат на воениот блок предводен од САД, образложувајќи го тоа со инвазијата на Русија во Украина минатата година.

Нивните барања за членство беа брзо одобрени од сите членки на НАТО, освен од Турција и од Унгарија. Двете земји попуштија во случајот со Финска која во април стана 31-ва членка на НАТО.

Турција и Унгарија се единствените членки на НАТО кои допрва треба да ја ратификуваат кандидатурата на Шведска 19 месеци откако таа поднесе барање за членство. И двете земји имаат остри забелешки на Стокхолм поради неговите политики во Европската унија со критики за наводно владеење на правото и други сфери, ембарга и блокади на средства, во случајот на Унгарија, како и одбивањето да се сопрат антимуслиманските и антитурски акции во Шведска и давањето на политички азили на лица коишто Анкара ги бара под обвиненија за тероризам.

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент не успеа да го договори текстот за парламентарно гласање во ноември и ќе се состане повторно во вторникот попладнето. Ердоган ги повлече своите приговори за членството на Шведска во НАТО во јули, откако Стокхолм наводно се пресметал со курдските групи кои Анкара ги смета за терористи, но турската страна сѐ уште не е уверена.

„Гледаме промена во политиката во Шведска. Гледаме дека некои одлуки се донесени во судовите, иако ги има малку“, рече Фуат Октај, пратеник од владејачката Партија на правото и развојот (AKP) на Ердоган и шеф на парламентарната комисија за надворешни работи. телевизиско интервју во понеделник.

„Имавме некои барања да преземеме понатамошни чекори“, додаде тој.

Откако комисијата ќе го прифати текстот, ќе се гласа во парламентот, каде владејачката коалиција на Ердоган има мнозинство.

Сојузниците на НАТО го зголемија притисокот врз Турција, а Франција изјави дека кредибилитетот на алијансата е „во прашање“.

 

Многу проблеми

Ердоган во декември предложи парламентот да дејствува кон Шведска само ако американскиот Конгрес го одобри барањето на Турција за купување на десетици борбени авиони „F-16“ со резервни делови и пропратна опрема за нив, и доколу другите сојузници на НАТО, вклучително и Канада, го укинат ембаргото за оружје за Анкара, што го укинаа на турско барање претходно и Финска и Шведска.

„Позитивниот развој на настаните од Соединетите држави во однос на F-16 и Канада за исполнување на своите ветувања ќе го забрзаат позитивниот став на нашиот парламент (за кандидатурата за членство на Шведска)“, рече Ердоган. „Сѐ е поврзано“, додаде тој.

„Членството на Шведска во НАТО и продажбата на F-16 на Турција ќе бидат координирани до одреден степен (…), бидејќи, за жал, ниту една земја не и верува на другата“, изјави за AFP Озгур Унлухисарчикли, шеф на канцеларијата во Анкара на американскиот тинк-тенк „German Marshall Fund“.

Стареењето на турските воздухопловни сили настрада откако Анкара беше исклучена од меѓинародната програма за ловци „F-35“ предводена од САД во 2019 година. Тоа беше одмазда на Вашингтон за одлуката на Ердоган да ги набави напреденте руски систем за противракетна одбрана што НАТО го смета за оперативна безбедносна закана.

Меѓутоа, одлуката на Ердоган за набавка на руските противвоздушни системи „С-400“ дојде, откако турските сојузници во НАТО со години го одбиваа барањето на Анкара да ѝ продадат притиввоздишни системи од западно производство, па дури Германија, Холандија и други европски сојузници ги повлекоа од Турција своите батерии од системите „Patriot“ во 2011 година токму кога на почетокот од војната во Сирија на турска територија почнаа да паѓаат сириски проектили што предизвикуваа човечки жртви и големи материјални штети. Потоа, Турција под притисок од Западот и САД се откажа од заедничкиот проект со Кина за развивање заеднички противвоздушен систем, со што земјата којашто ја има најбројната армија во НАТО остана без противвоздушна одбрана.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден постојано ветуваше дека ќе продолжи со продажбата на „F-16“ во вредност од 20 милијарди долари, но пратениците во Когресот ја блокираа поради загриженоста за наводните прекршувања на човековите права во Турција и нејзините минати тензии со Грција.

„Нема силен консензус во парламентот за членството на Шведска во НАТО, ниту во американскиот Конгрес за продажбата на F-16 на Турција“, вели Унлухисарчикли.

Анти-израелската реторика на Ердоган по почетокот на војната со Хамас предизвика, исто така, загриженост во Вашингтон.

„Иако прашањата не се поврзани, турските изјави за поддршка на Хамас дополнително го комплицираа процесот на F-16 (набавка)“, рече Унлухисарчикли. „Но, доколку Бајден и Ердоган ја покажат потребната волја, можеме да очекуваме наскоро да заврши процесот“, додаде тој.