Турскиот Парламент денеска, речиси едногласно, ги осуди американските санкции воведени против таа земја поради набавка на руски одбранбен систем и соопшти дека Турција нема да се двоуми да се заштити од закани, јави Анадолија.
Во заедничката декларација, четири од петте главни парламентарни партии истакнаа дека односите со САД треба да се засноваат на меѓусебно почитување и дека санкциите воведени поради набавка на рускиот одбранбен систем С-400 не се во согласност со духот на сојузништво.
„Ги повикуваме САД веднаш да се откажат од оваа голема грешка“, се вели во декларацијата, додавајќи дека Турција нема да се откаже поради закани или санкции.
Декларацијата ја потпишаа сите партии освен прокурдската Народна демократска партија.
(МИА)