Турскиот парламент го усвои во средата законот за регулирање на содржините на социјалните мрежи, којшто, како што тврдат критичарите, ќе ја зголеми цензурата и ќе им помогне на властите да ги замолќат опозициските гласови.
Законот наложува странските социјални мрежи да одредат свои претставници во Турција, коишто ќе водат сметка за страувањата на властите во врска со содржината, а постои и краен рок од 48 часа за отстранување на спорниот материјал. Исто така, ќе мора да преземат неопходни мерки за заштита на податоците за корисниците од Турција во земјата.
Со новиот закон компаниите се соочени со парични казни, со блокирање на огласувањето и намалување на опсегот на широкопојасниот интернет до 90 отсто, со што практично се блокира пристапот до социјалните мрежи.
Компаниите сопственици на социјалните мрежи од странство, кои имаат повеќе од милион посетителни дневно во Турицја, ќе мора да имаат најмалку еден свој претставник во земјата. Информациите за контакт со лицето ќе мора да бидат остакнати на очигледен начин на веб-страницата за лесен пристап до него. Доколку претставникот биде физичко лице а не правен сибјект, тој ќе мора да биде турски државјанин.
Владејачката Партија на правото и развојот (AKP) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, која со помала Националистичка партија (MHP) го има мнозинството во парламентот, го поддржа предлог законот, а неговото усвојувње дојде по расправата во вторникот.
Административните казни за давателите на услугите кои нема да ги исполнуваат обврските се воведуват за обесхрабрување за евентуално непочитување на законот. Претходно казните се движеа меѓу 10.000 и 100.000 турски лири, или 1.500 и 15.000 американски долари, но глоната сега би била меѓу милиони и 10 милиони лири, односно 146.165 до 1.461.650 долари по денешниот курс на американската кон турската валута.