
Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска повика на компромис меѓу Владата и опозицијата по прашањето за контроверзниот предлог-закон за реформа на судскиот систем. Законот беше критикуван од опозицијата како обид за задушување на корупцискиот скандал што го разниша турскиот режим, пренесе „АФП“.
Ѓул истакнал дека е од исклучително значење не само да се стави крај на оваа безизлезна ситуација, но и да се дејствува за да се создаде поволна атмосфера во земјата.