Турскиот суд го осуди акивистот и филантроп Осман Кавала на доживотен затвор

Турскиот суд го осуди денес бизнисменот и активист за заштита на човековите права  Осман Кавала на доживотен затвор од виновен за обид за соборување на владата преку финансирање на протести низ целата земја во 2013 година.

Кавала (64) беше во затвор четири и пол години без пресуда и ги негира обвиненијата против себе и уште 15 други обвинети поради протестите во ГЕСА, кои започнаа како мали демонстрации во Истанбул и прерасна во анти-владини немири низ целата земја, во кои тој беа убиени осум демонстранти, пренесе Ројтерс.

Судот осуди уште неколку обвинети на18 години затвор за помагање во обид за соборување на владата.

Судот, исто така, објави дека одлучил да го ослободи Кавала од обвинението за шпион поради недостаток на докази.