Турските метрополи со најголем раст на новозаразените со коронавирусот

Истанбул, Анкара, Дијарбакир, Шанлиурфа и Конја се петте најголеми градови во Турција со најголема стапка на раст на инфекции со коронавирус во изминатите три дена, посочи турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Нови 1183 позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во текот на изминатите 24 часа со извршени 61.716 тестови. Бројот на заразени достигна 243.180.

Според министерот, има 15 смрни случаи, со што вкупниот број во Турција достигна 5.873.

Здравствените власти тврдат за пад од 32 проценти во вкупниот број пациенти третирани во болниците. Сепак, расте трендот на сериозно заболени .

Најсериозно болни пациенти има во Истанбул, Анкара, Дијарбакир, Шанлиурфа и Конја.

Вкупно 617 сериозно болни пациенти што е зголемен број од 8,2 проценти на пневмонија, рече турскиот министер за здравство.

Здравствените експерти предвидуваат дека во наредните денови може да има пик на инфекции како резултат на осленети мерки за време на празникот кога граѓаните буквално ги преплавија одморалиштата, игнорирајќи ги најосновните мерки против ширењето на коронавирусот.

Се уште не е јасно кога ќе започне новата учебна година 2020-2021 година. Станува збор за 18 милиони ученици и над три милиони студенти, бројки кои покажуваат колку е сериозен проблемот.

Планирано е да започне 10-дневна прелиминарна подготовка на ученици во основните и средните училишта на 17 август, со цел да се започне редовната настава на 31 август.

Сепак, со оглед на зголемувањето на позитивните случаи во последните денови, постои неизвесност за овие датуми. Турскиот министер за образование, Зиа Селчук, рече дека тие достигнале во последната фаза на разговори околу ова прашање. Конкретната одлука ќе биде објавена по состанокот на специјализираниот научен совет за борба против коронавирусот, на кој ќе се разговара за неколку модели, рече министерот за образование.