Турските сили ги бомбардираа Курдите источно од Еуфрат

Труските сили ги бобмардирале во неделата позицитиите на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) на источниот брег од реката Еуфрат, во северна Сирија, пренесе службената новинска агенција Anadolu.

Ударто врз курдските сили следеше два дена откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го испрати „последното предупредување“ на оние коишто ги загрозуваат турските граници, порачувајќи дека Анкара е решителна да се концентрира на сириските курдски борци источно од реката Еуфрат.

Според информацијата на агенцијата, којашто се повикува на челнците на турските вооружени сили, турската армија ги бомбардирала позициите на YPG во областа Зор Магар за да спречи „терористички активности“.

Турција ја смета YPG за терористичка организација и сириски огранок на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК), којашто повеќе од три децени води бунт на турска територија. На почетокот од годинава турската војска изведе копнена офанзива против курдската милиција којашто ја вооружуваат САД во севернаа покраина Африн.

Курдите имаат контрола над големи области во североисточна Сирија од 2012 година, икао во некои од нив не се населени, откако тогаш се повлекоа владините сили кои се бореа против бунтовниците на западот од земјата. Пред околу три години, курдско-арапската коалиција прогласи автономен регион во областите близу турската граница, што наиде на жестоки противења и од Дамаск и од Анкара.