Припадници на турската Армија вчера убиле најмалку 28 борци на групацијата Исламска држава во Сирија, како одговор на најновите напади врз турските погранични региони.
При стрелбата со артилериски и минофрлачки оган, биле погодени 58 цели на ИД.
Пет лица беа ранети во петокот, кога ракети истрелани од реон под контрола на ИД во Сирија, паднаа во турскиот пограничен град Килис, на околу 60 километри од Алепо.
Од јануари припадници на ИД извршија повеќе од 70 напади врз Килис, при што загинаа 21 лице, меѓу кои и деца.