Турските сили за безбедност откриле 200-килограмска бомба во автомобил на ПКК

Турските сили за безбедност откриле 200-килограмска бомби во возило кое припаѓало на борците од Курдската работничка партија (ПКК) во округот Сирт во југоисточна Турција, соопшти турската телевизија НТВ.

Силите за безбедност побарале да проверат два автомобили во градот Бајкан во округот Сирт.  Возилата не запреле, а патниците во нив отвориле оган врз турските безбедносни сили.

За време на престрелката, еден војник бил ранет, а двајца терористи биле неутрализирани.

Ранетиот војник е пренесен со хеликоптер во државната болница во Сирт.

Двајца терористи успеале да избегаат.

Силите за безбедност вршат операција за нивно наоѓање.

При претресот на двата автомобили со кои патувалр терористите е пронајдена 200-килограмската бомба.