Турските жени со насмевка му одговараат на вицепремиерот

Турските жени со насмевка му одговараат на вицепремиерот Булент Аринч, кој изјави дека не би смееле гласно да се смеат на јавни места бидејќи „честа е многу важна“. Жени од разни краеви на Турција ги преплавија социјалните мрежи со фотографии на кои тие се смеат од сѐ срце.

turkish-women-posts-smiling-selfies

Многумина сметаат дека турската влада треба да се грижи повеќе за силувањата, насилството во семејството и принудните бракови, каде што жртви се млади девојки отколку насмевката на лицето.

– Ќе се смеам каде сакам и колку сакам, тоа зависи од мене. Тие немаат право да се мешаат во мојот приватен живот – објаснува за „Би-Би-Си“ Хазал Наз Бесленџи.