
Руските ракетни системи С-400 се помодерни во споредба со американските „Патриот“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
– Руските С-400 се помодерни системи за противракетна одбрана во споредба со американските „Патриот“ – истакна шефот на турската дипломатија.
Чавушоглу нагласи дека Анкара планира да „ги стави во употреба ракетните системи С-400 до следната година“. Во меѓувреме, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека распоредувањето на С-400 ќе започне уште во октомври оваа година.
Турскиот министер за надворешни работи предупреди дека Анкара е подготвена да им одговори на САД, доколку Вашингтон воведе санкции поради набавката на С-400.